Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме млекото, квасецот, шеќерот, јајцето, белката и маслото. Мешаме со рачна маталка да се соединат убаво состојките.
2. Ги додаваме брашното (просеано) и солта. Брашното прикрај го додаваме постепено, до замесување на меко и нелепливо тесто.
3. Потоа на набрашнета работна маса го домесуваме убаво тестото, па го враќаме во садот, го покриваме со стреч фолија и го оставаме на топло да стаса.
4. Спреманиот фил се дели на 2 дела. Од секој дел тргаме по 5 г.л. за одозгора.
5. Стасаното тесто, истотака, го делиме на 2 дела, за две погачи. Додека работиме со едниот дел, другиот нека стои покриен со стреч фолија за да не ни се исуши.
6. Првиот дел од тестото го ставаме на набрашнета работна маса, го набрашнуваме и одозгора, па со помош на оклагија расукуваме округла кора (потенка), а на краевите уште потенко расукуваме, за да не ни биде тој дел дебел кога ќе го насобираме.
7. Во средината на кората го ставаме филот, краевите ги спојуваме убаво, за да не ни испадне филот и формираме топка, која на набрашнета маса ја расукуваме и од двете страни (рамномерно за да има од филот насекаде, во спротивно ќе биде подебела погачата кај делот што се насобира) во потенка округла погача. Ја ставаме во плех за печење, врз хартија за печење. Нека стаса 15 минути (покриена), па ја премачкуваме со жолчката, ставаме одозгора од филот (тие 5 лажици што ги тргнавме настрана) и печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
8. Постапката ја повторуваме и со другата половина од тестото.

Забелешка - како фил можете да употребите и други состојки по ваш вкус.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани