
Полнета векна
Оваа смеса ја пишав отприлика, бидејќи толкаво ми е калапчето и не мерев баш по мерка.
Од брашното, млекото и квасецот замесуваме тесто. Го оставаме да стаса.
Во меѓувреме пилешкото месо (сварено или пак ако ви останало од печено пиле) исецкајте го на парчиња. Морковот сварете го и исечете на ситни коцки. Обарениот спанаќ исто го сецкаме и кашкавалот го рендаме. Сварените јајца исто ги сецкаме на коцки и сите состојки заедно ги мешаме со едно цело јајце.
Посолете и промешајте убаво.
Стасаното тесто размесете го и поделете на половина.
Едната половина расукајте ја со големина на калапот и оставете ги надворешните делови од страна за да се покрие цел калап.
Филот ставете го врз кората и покријте го со останатиот дел од тестото.
Врз векната ставете парчиња маргарин и наросете сусам.
Печете околу 30-40 мин, на 180 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови