Не е некој рецепт, ама е одлична вкусна идеја особено за љубителите на пица вкусот, спој на традиционалното и модерното.

Рецепт за питулици имате овде ако немате свој по кој ги правите.

Во помало тавче или во рамна поголема чинија ако ги потпекувате во микробранова се редат питулиците и на секој слој се става фил од наведените состојки претходно изрендани, па по малку оригано и кој сака и има потреба сол и бибер. Најгорниот слој обавезно да е посипан со кашкавал.

Се потпекуваат во загреана рерна од најмалку 200С додека не се стопи кашкавалот одозгора и се убаво се спои.
Или во микро 3 пати по 7 минути на најсилно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани