Има повеќе варијации на овој рецепт. Овој пат ги правев со јогурт и пециво. Многу меки и вкусни!

Подготовка
Сите состојки за тесто ги ставаме во еден сад. Замесуваме тесто со млака вода и го оставаме да одмори додека да го подготвиме филот.
Ги соединуваме урдата и ренданото сирење.
Од тестото правиме топчиња и секое топче го расукуваме и му ставаме фил во средина по околу 1 полна лажица. Од краевите го собираме тестото и го соединуваме како вреќичка. Го превртуваме. Така со сите топчиња. Следно што правиме е расукувањето на топчињата.
На нелепливата тава за секоја питулица ставаме по 1 лажица масло, ја загреваме на 4 од 6 кај мене на рингла, а кај вас проценете сами. Ги печеме од двете страни.
Пријатен појадок!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани