Питулици со праз
1. Зелениот дел од празот во одредена количина ситно исецкајте го.
2. Се меша 300 гр. брашно со солта и пецивото. Се додава во него сецканиот праз - измешајте, додадете ја газираната вода која е потребно да биде на собна температура, маслото, и почнете да замесувате тесто притоа додавајки го остатокот од брашното. Измесе го - тоа ке биде сосема благо лепливо до пријатна работа со него. Покријте и оставете да одмори 30 мин.
3. По истекот на времето размесето го тестото на благо побрашнета работна површина, поделете го на шест еднакви дела. Секој дел расукајте го или со рака оформете питулица во големина на мал тањир. Оставете ги на работната површина, секоја питулица одозгора со малку масло премачкајте ја.
4. На огнот загрејте грил тава или обична тефлонска тава, потоа намалете ја температурата. Земете една питулица и ставете ја да се потпекува вртејки ја со премачканата со масло страна, нека се потпекува на тивко. Пред да ја свртите питулицата да се пече од другата страна исто така премачкајте со масло... свртете и нека продолжи да се пече. Така постапете со сите питулици, нормално дека може во поголема тава да ставате толку питулици да се печат колку што ке собере.
Јас печев една по една и тоа на тавчето за палачинки.
Лиценца: Сите права се задржани