27
мар
2020
Пита со јаболка, ореви и мусли (посно, без месење, без миксер)
Овој колач е сув, а многу вкусен.
Муслите, брашното и шеќерот измешајте ги заедно. Изрендајте маргарин и измешајте ја смесата. Смесата ќе биде сува. Поделете ја на три дела.
Јаболката изрендајте ги, додајте шеќер и ванила.
Оревите изблендирајте ги.
Во формата за печење ставете смеса од тесто, врз него ореви, врз оревите јаболка. Ставете втор дел од смесата, пак ставете ореви и јаболка и на крај покријте со третиот дел од смесата. Одозгора изрендајте маргарин.
Печете во загреана рерна на 220 степени околу 35 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани