Пирошки со инстант пире
Најпрво се подготвува пирето, според упатството дадено на пакувањето и се остава да се излади. Од пирето се одделува 150 гр и се става млакото млеко, квасецот, жолчките, маргаринот и брашното и се замесува тестото. Ако ви лепи тестото слободно можете да додадете уште малку брашно. Откако тестото ќе стаса на набрашнета површина се расукува средна по дебелина кора и се сече на коцки. Сами ќе си ја одредите големината на коцките во зависност од тоа колку големи сакате да ви бидат пирошките. На секоја коцка се става рендана салама, кашкавал сечен во форма на правоаголници и по малку оригано и се мота. Секоја пирошка се бркнува во белки, а потоа во презла и се става да се пржи на загрено масло.
Во текот на пржењето пирошките наголемуваат, па не ги правете многу големи.
По желба може да се полнат и со друг фил.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови