Пилешко со бамбус и печурки
Недела е единствениот ден во неделата кога наоѓам време да зготвам, а кинеската храна ми е омилена. Имав прилика да имам цимер со мандаринско потекло, па овие неколку рецепти кои ги имам во ракав ми се научени од него.
Прво, никулците се бланшираат кратко во врела вода, потоа се мијат со млаз студена вода, за да го прекинеме процесот на готвење.
Шитаке печурките се накиснуваат во врела вода (окулу 150мл), за да набабрат.
Морковите се лупат, се сечат на жулиени, долгнавести парченца. Јас овој пат ставив и сосем малку ѓумбир, сецкан исто како и морковот.
Пилешкото месо (гледајте да не е саламурено) се сече на тенки парчиња (не ленти) а хоризонтално, и се валкаат во трите лажици нишете. Потоа се ставаат во вок тавата со веќе загреано масло и се пржат, до полуготовост.
Во тавата ги додаваме бамбусот, печурките и моровите. Готвиме неколку минути.
Ги додаваме и никулците, сол по вкус и соја сос. Се додава и водата во која предходно киснеа шитаке печурките (од долната страна имаат мал дел како коренче, извадете им го одкако ќе откиснат). Готвиме до испарување на течноста.
При самиот крај, преостанатото нишесте (1 лажица) го растопуваме со уште една лажица вода и го залеваме самото јадење. Пропржуваме уште минутка време да се спојат сите состојки. Послужуваме.
Забелешка - Состојќите се предизвик. Тука каде што сум јас, малку поисточно, има цели продавници со вакви намирници а и во големите маркети има секции со состојќи за кинеска храна и затоа се од ова ми е лесно достапно. Верувам дека во подобро снабдени маркети, во нашата убава земја, ќе можат да се најдат.
Потрудете се во некоја прилика да се снабдите со бамбус и шијтаќе, вкусовите се уникатни. А ако не, убава идеа е и само со ѓумбир и морков.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови