- На наткопанот тргнете ја кожата, ставете ва подлабок сад и размешајте притоа ставајки малку масло и црн бибер.
- Во тава со нелепливо дно загрејте 3-4 лажици масло и ставете ги наткопаните на тивко нека се пржат од двете стграни додека добијат лесно зацрвенета боја. Додадете го виното и нека се динста заедно додека алкохолот испари и виното се редуцира на половина од содржината, додадете го ситно насецканиот кромид и лук. Поклопете тавката и оставете на тивко нека крчка до потполно омекнување на кромидот, притоа при намалување на течноста постепено додавајте го пилешкиот бујон или вода. На тивко нека крчка.
- Во сад измешајте ги двата вида на сенф, водата и медот, додадете го кај веке готовото месо, додадете и сосема малку од рузмаринот... поклопете и на мноту тивок оган нека крчка до добивање на кремаст сос. Кога веќе сосот е кремообразен, додадете ја павлаката за готвење, нека врие околу 2 мин. целото тоа заедно . Тргнете од огнот, нека престои под капакот 5-10 мин, и готово за сервирање.
Сервирате како додаток кон пире, печен компир, тестенини.
Јас денес спремив засебно само кус-кус , без да во него додадам зеленчук, а знаеме сите дека кус - кусот спремен со зеленчук е вистинки добро, но ете за промена само така најобично го спремив.
Напомена
- Сосот може да биде без павлака - одличен е и само да се припреми се до постапката кога се става павлаката. Ставам павлака ако ми останало од предходно, специјално за овој сос не купувам и го оставам само со водата... ма како што знаеме да кажеме - Ова е прсти да излижеш - .
- За помалку лица - половина состојки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани