1. Пилешкото се сечка на парчиња и се запржува. Во истото масло се запржуваат и шампињоните.
2. Во земјен сад се ставаат пилешкото, шампињоните, свинскиот врат исечкан на парчиња, корнишоните исечкани на тенки парчиња и се промешуваат.
3. На страна се мешаат јајцето и павлаката и се додаваат во земјениот сад и се промешува. Се додава сол, кари и малку црн бибер и се израмнува.
4. Одозгора се нарендува кашкавал и се печи во рерна на 220 степени дур не се запечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови