
Лепеза од модар патлиџан со моцарела
Сезонско и вкусно јадење е мојот денешен предлог.
 Прво измиените црни домати по должина ги сечиме на ленти, широки одприлика по 1,5 цм
 Малку ги посолуваме и ги оставаме вишокот на течност да се исцеди.
 Потоа ги бришиме со хартиени салфети.
 Моцарелата ја сечиме на парчиња, како и црвениот домат.
 Во засеците наизменично ставаме моцарела, црвен домат.
 Одозгора ставаме сецкан магдонос, сецкано лукче.
 Попрскуваме со маслиново масло.
 Ги ставаме во делимано тава, покриваме со капак и ги готвиме во рерна на 180 с, околу 20 до 25 минути, односно црниот домат убаво да омекни.
 Потоа капакаот го вадиме и готвиме во рерна уште десетина минути.
 Послужуваме топло.
Лиценца: Сите права се задржани
























