Лесен оброк, погоден за лето, но и за ладните зимски денови....
Тестенините се варат во посолена зовриена вода, за најдобри резултати на 100 гр, тестенини треба да има 1л. вода.

Во подлабока тава на оган се става маслиново масло, ситно сецкан кромид, здробени чешниња лук и ситно сецкани чили пиперчиња, се пржат кратко колку да омекнат, па се додава пелатот се вари додека не се добие густ сос. Се наросува сол, бибер и неколку минути пред тргање од оганот прстофат босилек и целер.

Сварените макарони се цедат, се додаваат во тавата со сосот се попрскуваат со маслиново масло и со чили зачи. Оваа финта ми е од еден поп уп индонезиски ресторан каде што нудлите ги попрскуваа со сусамово масло и со чили, ама во секој случај добра. Се заедно се меша... доколку сте во можност можете да додадете свежи чери домати пресечени на половинки....

Јас за овој рецепт користам макарони кои се со мазна текстура, бидејки подобро го впиваат сосот и чили зачинот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови