Во суво тенџере се става сусамот и се меша да се потпечи.

Во друго помало тенџерче се ставаат медот и шеќерот и на многу ниска температура (кај мене 3 од 9 на претходно загреаната рингла од сусамот) и се остава да со повремено мешање околу 4 минути, т.е. додека не смени малку бојата, отемни. Површината ќе е пенеста и балонеста одозгора.

Потоа се трга од рингла и се додава сусамот. Се меша брзо и рамномерно и исто така брз се истура врз слабо намастена пек хартија. Се покрива со друга намастена пек хартија и со сукало или оклагија се истенчува до дебелина до 0,5 см па дури и до 0,4.

Откако ќе се израмни се трга горната хартија и со нож веднаш се сечи на посакуваните плочки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани