Како љубител на маслинките, можам да ви препорачам едно сосче или паста како сакате.
Може да се употреби како предјадење, може како додаток на останатите јадења.
Вкусот зависи од кој тип на маслинка ќе ставите.
Јас го сакам и со потемна маслинка, но бидејќи децата не сакаат многу темни маслинки, овој пат се одлучив за зелената.
Рецептот го вкусив во еден ресторан летово, па побарав рецепт на интернет и ја приготвив.
Маслинките ги чистиме од семката. Лукчето го пасираме или ако сакате иситнете го добро, нека се чувствуваат парченца.
Оревите толчети ги да испаднат како маст, па помешајте ги со маслинките и лукчето.
Зачинете ги со ленено масло, маслиново масло, сол и бибер.
Попрскајте со сок од лимон и благо измешајте ја смесата.
Испечете си лепче како нафора,па премачкајте си го со лукче.
Уживајте во подготвеното
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови