Потпечени палачинки со мелено месо
За палачинки
Јајцата изматете ги со млеко, додајте брашно и сол и зејтин, направете смеса за палачинки.
Во загреано тавче за палачинки пржете ги палачинките.
За фил
Кромидот ситно исечете го, ставете да се пржи. Додајте мелено месо, посолете додајте црн пипер и зачини.
Во палачинкте ставете фил од мелено месо. Завиткајте ги. Палачинките наредете во тава за печење.
За прелив
Јајцата изматете ги со павлака и додајте зачини.
Со прелив прелијте ги палачинки и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени около 25. На крај ставете кашкавал и оставете уште 5 минути да се стопи.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани