Рерната загрејте ја на 150 целзиусови степени. Во длабок сад матете ги белките. Постепени, додавајте го шеќерот во прав, малку по малку. Треба да добиете цврст снег. Мелените бисквити измешајте ги со мелените ореви и додадете ги во белките. Изматете со миксер за да се соедини целата смеса. Земете големо тавче за печење, обложете го со хартија за печење и по една мала лажичка ставајте од смесата со белки. Треба да бидат раздвоени едно од друго, затоа што во текот на ставањето ќе се разлеат, а во текот на печењето ќе се залепат, па затоа, најубаво е да ги печете во два наврати. Ставете ги во загреаната рерна да се печат 25 минути. Кога ќе се испечат, оставете ги сосам да се оладат пред да почнете да ги вадите од хартијата. На пареа се матат жолчките, се става путерот исечкан на ситни коцкички, чоколадото исто така исечкано на ситни коцкички и шеќерот. Ова е филот. Кога филот ќе се соедини и згусне, ставете ги во фрижидер малку да се стисне и олади. Со овој фил се филува едно мало колаче и се лепи со друго.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани