1. Телешкото месо го вариме, посолено и со лист ловор во водата. Го вариме подолго време,да можеме подоцна да го кинеме на конци. Кога е варено го сецкаме на ситни делови и го зачинуваме со многу црн бибер и сол по вкус.
2. Во тава на оган го запржуваме црвеното кромитче, а потоа го додаваме и телешкото месо. Оризот го вариме на стандарден начин. Кога е готов го помешуваме во тавата кај месото и промешуваме добро.
Зачинуваме со сок од лимон.

Забелешка.
Салатата ја имам пробано и со потпечен ориз. Е сега се зависи од вкусот. Моите дома се поделени. Едни го сакаат помек (кога е варен оризот), а други го сакаат по сув со потпечен ориз. Значи оставам на вас како ќе го спремите. Вкусот многу зависи од месото. Ако е помладо, секако е поубаво.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови