Ориз со зеленчук
Исецкајте и запржете го кромидот. Додајте го оризот и пржете додека не стане како песок и малку потемни.
Во друг сад пржете исецкан модар патлиџан, морков, и печурки. После кратко пржење додајте маслиново масло и продолжете со пржење.
Додајте го оризот и кромидот, тргнете го тафчето во оган и додајте 4 чашки вода (дупло вода од ориз). Вратете го тафчето на оган да прокрчка кратко.
Потоа додајте ја пченката, измешајте, и тргнете го тафчето од оган. Истото убаво завитајте го во неколку крпи за да остане топло и оризот побрзо да ја впие водата.
Штом водата ќе се впие значи јадењето е спремно! Уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови