Орео бомбици со маскарпоне, орев и чоколадо
Од малку состојки добив големо задоволство.
Пробајте ги овие орео бомбици.
Верувам дека ќе ви се допаднат.
Прво во нутрибулет ги мелиме тостираните ореви.
Ги оставаме во сад на страна.
Сега во нутрибулет ги мелиме орео колачите.
И нив ги ставаме кај оревите.
Во сад го ставаме маскарпонето и шеќерот во прав.
Кратко со миксер ги соединуваме.
Овде ги додаваме растопеното чоколадо, соединетите орео колачи и ореви.
Убаво ја соединуваме цела смеса.
формираме бомбици.
Ги оставаме 10 минути во фрижидер.
За тоа време го растопуваме белото чоколадо.
Јас дел ги декорирав со растопено бело чоколадо и орео трошки, а дел со бела, чоколадна мрежичка
Лиценца: Сите права се задржани
:):):)