1. Се делат белките од жолчките.
2. Со по една чаша шеќер ги матиме посебно белките - посебно жолчките. Во жолчките додаваме и ванилата.
3. Во добро сматените жолчки ги додаваме киселото млеко и зејтинот, брашното измешано со пецивото и ренданата кора од лимон, сматените белки и целото тоа го измешаме добро до добивање на хомогена смеса.
4. Вака добиената смеса ја изливаме во подмачкан плех бр.30 и врз него го редиме насецканото овошје. Се пече во предходно загреана рерна на 200 степени околу 30 мин.
Оладениот колач се посипува со прав шеќер.

Јас овој колач најчесто го правам со праски и сливи модри, највкусен е.Праските и сливите ги сечам на кришки и редам. Впрочем има и фотографија ќе процените.
.

Лиценца: Сите права се задржани