Овошен кекс колач
- Со миксер изработите ги јајцата и шекерот до добивање на пенеста смеса. Додадете го киселото млеко разбркајте го притоа намалувајки ја брзината на миксерот. Додадете го нишестето и со шпатула разбркајте. Сега веќе не ви е потребен миксерот, бркајте додека се спои смесата. Брашното во кое веќе сте ги измешале пеицвото, содата и солата додадете кај смесата постапно притоа со шпатулата цело време бркајки. Кога сте добиле потполно хомогена смеса без грутчиња од брашната, додадете ја ванилата и лимоновата кора.
Добро премачкајте ја модлата во која ќе печете (бр.24 или 26) дното постелете со хартија за печење, истурете половина од смесата, распоредете го зрнестото овошје (аронија, боровинка или рибизла), истурете ја останатата половина од смесата, одозгора наредете ги на кришки исечените праски. Посипете со филетираниот миндал, ставете да се пече во веќе загреана рерна на 175-180 степена. Зависно од големината на модлата - така е и времето на печење. Ако приготвувате во бр.24 времето на печење е повеќе и е од околу 45 мин. а доколку е во 26 број, тогаш нормално дека печењето временски е пократко.
Печено извадете од рерна, нека олади малку, потоа извадете од модлата и ставете на решетка да се потполно олади. Посипете го оладениот кекс со шеќер во прав.
Служете го така и засебно, а одличен е послужен и со сладолед.
НАПОМЕНА
Поради тоа што имав само аронија во фрижидерот - ја искористив овде. Овошјето може да биде и свежо и замрзнато. Немам слика со сладолед иако го послужив и така, додека да извадам некоја поасална слика - сладоледот се топеше на овие тропски горештини. Масло или маргарин нема во овој рецепт - јас да си кажам за да не помисли некој дека сум заборавила да го напишам. Имам овде еден друг фантастичен овошен колач со праски и друго овошје во кој има масло и малку постапката на припремата се разликува.
Нека ви е слаткооооо!