Уште еден рецепт за фантастична омлет тортиља која може да ви послужи како прекрасен доручек, па зошто да не и ручек. Бидејќи е различна од другите во однос на виткањето, ја нареков обратна или инверзна.

Подготовка:

1. Прво се растопува путерот во тавчето за пржење и кога убаво ќе се загрее, се ставаат 5 кругови домат малку да се запржат. По 2-3 минути одозгора се истураат изматените јајца и откако ќе се запечат, одозгора се става тортиљата. Внимателно се превртува целата содржина од другата страна.
2. Одозгора се реди сечкано авокадо и сечкан млад кромид и се посолува. Тортиљата се превиткува и се сервира во чинија со пресекување на половина.
На здравје.

Забелешка - следете ги сликите за појасна да ви биде постапката на припрема.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови