Нозете на прпелицата
Интетресни овие нозе на препелицата, одлично мезенце за забавите.
Подготовка
Тесто
Замесете го тестото од наведените состојки. Треба да добието убаво компактно тесто кое што дозволува понатаму да се работи. Оставете го настрана и спремете филот.
Фил
Мешавината од меленото месо зачинете ја со состојките погоре напишани или како вие тоа го сакате, измешајте.
- Расукајте кора од тестото, со модла или чаша вадете кругови, на секој круг ставете по една грисина и врз неа дел од меленото месо, преклопете и стиснете ги краевите на преклопот. Така сите парчиња.
- Со нож исечете на средина секое парче, ќе добиете нешто што наликува на копанче. Исечете ги сите.
Панирање
- Сматете го јајцето, увалкајте ги копанчињата сите во него, па во лебните трошки.
- Пржете тивко во тавка, но не во длабок зејтин. Превртувајте ги и истовремено со лажица земајте од зејтинот и цело време полевајте ги.
Бргу се пржат, интересни и вкусно е вака завитканото мелено месо.
Совет
Ова е оригиналниот рецепт - одличен, а ова што го гледате на сликите јас го спремав од рецептот на Чудо тесто, ми остана бајаги бидеки многу замесив, па од чудење како да го потрошам еве го - гледате и дека со него бива.
Можете да го правите со мешавина од мелено месо, со пилешко мелено месо или стек кој што сте го сомлеле. Лично на мене најмногу ми се допага со пилешкиот стек, но не е лошо и вака, напротив,вкусно е.
Лиценца: Сите права се задржани