Непечен двобоен ролат
Најпрво ја правиме црната смеса.Чоколадото го топиме со маслото и кога ќе биди стопено внатре ги додаваме бисквитите и оревите.Убаво мешаме и ја оставаме смесата малку да се излади.
Во меѓувреме ја правиме белата смеса.
Водата ја зовриваме заедно со маргаринот и шеќерот и ја тргаме од оган.Ги додаваме бисквитите и кокосот.Мешаме убаво и ја оставаме малку смесата да се излади.На фолија прво ја ставаме белата смеса и над неа црната смеса,па виткаме ролат.Ролатот го оставаме во фрижидер околу 2 часа за убаво да се здрви и потоа го чоколадираме и сечиме на парчиња.
Декорирајте по желаба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови