Туршијата ја подготвувам неколку години откако ја пробав и добив од една пријателка. Навистина е најбрза затоа што може да се јаде наредниот ден. Јас ја подготвувам и откако ќе излезат првите мали краставички и карфиол, но во мала количина се јаде за неколку дена и повторно пак правам. Поголемата цела количина ја подготвувам на крај од есен кога сите продукти се многу поефтини.
Подготовка
1.На зеленчукот одстранете им ги врвовите и измијте го.
Зеленчукот исецкајте го со остар нож на по крупни делови. Вака подготвеното заире ставете го во пластичен длабок сад или помало буренце.
2.Водата за пресол заедно со солта, шеќерот треба да повријат десетина минути. Тргаме на страна ги додаваме оцетот, конзервансот и винобранот, добро промешуваме.
3.Веднаш пресолта ја сипуваме во заирето додаваме малку крупен бибер и затвараме.
4.Оставаме до наредниот ден да остине и веќе одма може да се јаде.
Забелешка
Туршијата со пола доза или помалку може да се подготви и без винобран и конзерванс. Побрзу ќе се изеде нема многу да стои. Може доколку сакате да ја ставите и во поголеми тегли.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани