28
мај
2020
Наан на грил тава
Користена е чаша од 250 мл
Во вангличка ги ставаме квасецот, шеќерот, млаката вода и лажиче брашно.
Промешуваме.
Оставаме да одстои 5 минути, па додаваме маслиново масло, сол и брашно.
Замесуваме меко тесто.
Го покриваме со проѕирна фолија и оставаме да одстои 5 минути.
Потоа тестото го делиме на топчиња,7-8, зависи колку сакаме да имаат големина.
Ги расукуваме во мали корички.
Грил тава ја загреваме на умерен оган.
Го печиме наан леппчето од двете страни да зарумени.
Значи ги печиме без да додаваме масло
Го сервираме за појадок, верчера, ... со прилог по желба
Лиценца: Сите права се задржани