23
апр
2015
Мус од чоколадо
1.Чоколадото, путерот и малку сол, се ставаат на пареа да се стопат. Откако ќе се стопат ги оставаме да се оладат.
2.Белките и жолчките ги одвојуваме. Белките ги миксираме во црст снег и го додаваме солта. Пред крајот додаваме 2 лажици шеќер.
3. Жолчките пенасто се миксираат со 2 лажици шеќер и термички се обработуваат со готвење на пареа неколку минути,потоа се мешаат со растопената чоколада.
4. Во добиената смеса од жолчки и чоколада, рачно го додаваме снегот од белки и промешуваме.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови