Рецептот од каде е јас не знам, запишана одамна, наша традиционална алва. Оваа алва во моето место традиционално се спрема по повод свадба. Во Понеделникот кога невестата ја печекува нејзината роднина во новиот дом таа служи алва и топла ракија. Неретко се спрема за време на постите. 
Подготовката е лесна.
- Во поголем сад ставете маслото и нека се загрее, додадете гризот и нека се пржи додека добие браонкаста боја. За цело време мора да бркате. Додадете го шеќерот и ванилата и уште кратко време пржете се заедно. Тргнете од огнот, внимателно додадете на вкус цимет и сецкани или толчени ореви, налијте ја водата, разбркајте и вратете на огнот да се вари. Кога ќе се згусти тргнете и сипете во веќе навлажнети модли, за да после полесно ја извадите алвата превртувајки ги модлите на тањир.
Напомена
- За пржење на гризот можете да користите и стопен маргарин или путер така што ќе поделите пола - пола. 
- Ако дозволите и за цело време внимавате при пржењето на гризот откако сте додале шеќерот да се повеќе време на тивко пржи, ќе добиете вкус на карамел, дозволете малку нека се стопи шеќерот.
- Циметот ставете го по ваш сопствен вкус, а можете и да го изоставите.
- Алвата можете да ја спремите и во единечни мали модли, силиконските за пралини и притоа да чоколадирате, односно да спремате како пралини, а алвата ќе ви биде наместо фил. Интресно и вкусно е исто така. Интересно и истовремено многу вкусно е ако направите бомбици и ги замотате марципан од бадем, лешник или ореви. Има идеички со алвата останува тоа да биде ваша инспирација.
- Мерката нека ви биде чаша во големина зависно колку количински сакате да имате од оваа старинска традиционална алва.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани