- Сите состојки измешајте ги и добро измиксајте ги додека не ја добиете саканата густина, но ни случајно да не премиксате затоа што павлаката ке се претвори нема да биде со истиот вкус и кремообразна, ставете во сад и нека биде во замрзнувачот најмалку 8 часа по што можете да го послужите.
Ова е чист млечен сладолед, што не значи дека неможе да претрпи промени, односно да во истиот си додадете некое овошје, чоколада, да гопрелиете со крем карамел...
Јас овој сладолед си го нарекувам - Детски сладолед.
Совет-
Доколку немате кондензирано млеко - лесно ќе го приготвите овој сладолед доколку земете 1/2л. млеко и во него ставите 300 гр. шекер, - ставете на рингла да врие околу 10 мин, потоа додадете во него уште 1/2 л. млеко и сега ставете на тивко да вари повремено премешувајки. (на многу ниска температура времето е од околу 1 час)Готово е кога ќе почне да ја менува бојата во кремаста и е доволно густо, погусто од густината на јогурт. Тргнете на страна и нека олади добро - потоа додадете ја павлаката и миксирајте... Понатаму исто.
Морам да ви кажам и тоа дека ако случајно сте го пропуштиле времето и станало млекото прегусто и не можете да го истурате кај павлаката - ништо страшно нема, ми се случувало на мене и од искуство ви кажувам. При ваква ситуација ја истурам павлаката кај премногу густото кондензирано млеко - промешувам или сосема малку заедно повторно загреам на рингла - тргам, промешувам да се стопи кондензираното млеко во павлаката - сето ова го ставам во фрижидер да одстои и добро да олади (ќе видите дека целото тоа веќе многу густо) тогаш измиксајте се заедно, преместете во сад и понатаму исто...
Многу ви напишав... како да е компликација голема..ама еве вака сакам се да нештата бидат појасни.
Уживајте,
(Пред да го ставам сладоледот во замрзнувачот фотографираф)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани