25
авг
2020
Мини тортички (посно, веган)
За основата, се ситнат кексите во блендер, се додава растопениот путер и шеќерот, се меша убаво и се дели на 4 дела. Моите калапчиња за тарт се 11 цм пречник и од оваа смеса се прават 4 тартови. Се втиснува смесата на дното и по страните. Се печат на 180 степени 6-7 минути. Кога ќе се оладат се ваѓаат од калапите.
За кремот, чоколадото иситнете го и прелијте го со жешко кокосово млеко. Нека постои така две до три минути, па промешајте убаво да се спои.
Ставете го во фрижидер да се олади и стегни, па наполнете ги основите. Украсете со сечкани фстаци, лешници, овошје по вкус и засладете се.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови