Мини американски палачинки
Брз, превкусен појадок. На овие мини палачинки најмногу ќе им се израдуваат дечињата. Иако се мали, сепак брзо се прават со помош на пластично шише.
Подготовка
1. Во длабок сад го ставаме млекото, посолуваме, ги додаваме шеќерот, путерот, ванила екстрактот и јајцето. Мешаме со рачна маталка, а може и со миксер.
2. Сега ги додаваме соединети брашното и пецивото. На крај го додаваме оцетот. Миксираме кратко до хомогенизирање.
3. Добиената смеса ја оставаме 5 минути, па ја ставаме во шишето.
4. За тоа време ја уклучуваме ринглата да се загрее на средна температура, и во нелепливо тавче за палачинки (кое не мора да се намрси) ставаме од смесата со помош на шишето.
5. На палачинките ќе се појават меурчиња, па откако ќе пукнат ги превртуваме да се допечат од другата страна.
6. Послужете ги веднаш, со додатоци по вкус (мед, еурокрем, чоколаден прелив, шеќер во прав, џем, мармалад).
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Cesto gi podgotvuvam vo sostavot so razlicni dodatoci