Мафини со мандарина
Станува збор за едни од најубавите и најомилените колачина на светот, мафини! Израдувајте ги вашите најмили со нешто поразлично денес, а тоа подгответе го на следниов брз и едноставен начинЧ
Најпрво, во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за печиво и солта. Во друг, помал сад ставете ги млекото, маслото и јајцето и матете со електричен миксер се додека смесата не се соедини. Така добиената смеса додадете ја во поголемиот сад со сувите состојки и мешајте додека и тука не добиете хомогена смеса. Сега кога смесата е готова го бираме вкусот на мафините. Ја додаваме ренданата кора од портокал или маднарина. Искршете ги бисквитите на поситни парчиња и додадете ги и нив! Секако тука голема улога има вашата креативност и ова е одличен начин да си поиграте со неа.
Откако ќе ја измешате смесата, ставете ја во калап за мафини и печете 18-20 минути, на 200 степени. Секако, калапот можат да го заменат и хартиените корпи за печење. А откако ќе се испечат, следува декорацијата, каде што исто така ќе ја користите вашата креативност.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Во состојки нема колку бисквити се ставаат....или пак јас нешто грешно прочитав?