Вкусен ручек со телешко месо.

Прво на загреано масло се ставаат парчињата телешко месо да се пржат, односно се додека не испари течноста од месото.
Од кога ќе остани само на мрсното се додава кромидот и тој се запржува околу 5 минути.
потоа се додаваат сецканите домати и пиперки.
Се динста на тивко да испари течноста од зеленчукот.
Сега се зачинува .се додава црвен пипер, убаво се промешува и се додава околу 500-600 мл вода.
се остава на тивко да крчка околу 40 минути, па се додаваат исецканите компири и се вари уште 30 минути.
Пред крај по потреба се додава танка запршка од маслото и брашното.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани