Макало со компир, везен пипер и праз (посно)
Едно мало предупредуавање рецептот никако немојте да го конзумирате без тазе месено лебче...задоволството не е исто.
Моиве дами овде имаат толку многу рецепти за месен леб што се надевам дека еден ќе се најде на вашата трпеза.
Компирите заедно со пиперките ги ставаме да се сварат.
Компирите ги лупиме, а на пиперките им ги отстрануваме дршките и ако имаат многу семки и тие ги тргаме.
Празот ситно го сечкаме. Ги толчиме пиперките, па го толчиме празот со сол.
Во недостаток на време ја скратувам процедурата со толчење и варените пиперки ги ставам во Нутри со малку масло.
Двете смеси ги соединуваме, па ги додаваме компирите. И нив ги толчиме и ги гмечиме за да се направи една компактна смеса. Додека го правиме ова постепено додаваме врелото масло.
На крајот додадете го и јаболовиот оцет - тоа е моја идеа доколку не саката малку прокисел вкус не мора да го додадете.
Оставете ја подготвената смеса да се соедини и да ги прими вкусовите, па уживајте во ова посно јадење.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани