18
мар
2022
Лиснати ролати
Едноставни за подготовка, а рај за непцето.
Подготовка
1. Лиснатото тесто расучете го, помалку во ширина и повеќе во должина.
2. Во блендер ставете го крем сирењето, заедно со синото сирење и кратко изблендирајте го. Со него премчкајте го лиснатото тесто.
3. Над сирењето наросете со оревите. Завиткајте во ролат од двете страни, како палмиерсите. Сечете тенки парчиња.
4. Печете на 220 степени додека не се заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови