Летен пинџур со месо од рерна
Летно јадење кое верувам ќе ви се допадне. Пред да почнеме со подготовка на ручекот, го сечеме модриот патлиџан на коцки и го посолуваме. Го сечеме месото на парчиња и го запржуваме со зејтин и малку сол. Се трга на страна. Во истата тава се запржува ситно исечениот кромид и лукот, потоа се додава модриот патлиџан, се запржува и се додаваат исечените благи и лути пиперки. Откако и нив кратко ги запржуваме, се додаваат претходно излупените и сечени домати, месото, магдоносот, се посолува и се става тавата во загреана рерна на 200 степени.
Се пече додека да испари течноста од доматите, од прилика 35 минути. Може да се промеша еднаш или двапати додека се пече.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови