29
апр
2020
Летен коктел со водка и лубеница
Еден убав освежителен коктел.
Доаѓаат убави топли денови,па да се освежиме во убавите вечери.
Во сад каде ќе служите ставете ги коцките мраз.
Прелејте го сирупот од лубеница,па налејте ја водката.
Од резанчето лубеница одделете едно парче за декорација, а другото исцедете го и извадете му го сокот.Налејте го во чашата.
За крај посипете спрајт сок.
Декорирајте ја чашата со парчето лубеница кое го поставивте на декоративно стапче.
На здравје со овој убав напиток.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови