Многу лесна за подготовка, а и уште полесна за јадење хаха
Јајцата се матат со миксер 2-3 минути, потоа се додава киселото млеко, маслото и прашокот за пециво.
Тавче број 24 најпрво се премачкува со малку масло и се става две кори краевите да излегуваат надвор од тавчето.
Со четка се премачкува од филот и се нанесува пола од сирењето.
Се зема кора и се натопува во филот не се притиска многу и како што е стуткана се реди врз сирењето и е така додека се потрошат корите .
Со краевите од првите две кори ја преклопуваме питата, ја премачкуваме со преостанатиот фил и наросуваме со сусам.
Се пече на 200 степени 30-35 мин зависно од рерната.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови