Лесен крем колач со арома на кафе
1. Јајцата, ванилата и шеќерот се матат пенесто.
2. Им се додава газираниот сок и масло, па пак се проматува.
3. Потоа се додаваат сувите состојки и убаво се мати со миксер да се соедини.
4. Смесата се истура во тава за печење 36 обложена со хартија за печење.
5. Кексот се пече во загреана рерна околу 20 минути.
6. Откако ќе се испече се лади, се преврува од страната со хартијата, се трга хартијата и се попрскува со кока кола, млеко или вода.
7. Прашокот за чоколаден пудинг се раствора во 100 мл. млеко.
8. Останатото млеко се вари до зовривање.
9. Се додава растворениот пудинг, се вари додека да згусне.
10. Се трга на страна, му се додава искршено чоколадо.
11. Се меша за да се соедини целата смеса.
12. Готовиот пудинг се покрива со стреч фолија и се остава да се излади добро.
13. Неутралната павлака се мати со шеќерот во прав.
14. Потоа се додава еурокремот.
15. Се мати убаво да се добие густ и повеќе накај течен крем.
16. Пола крем се спојува со миксер со изладениот пудинг.
17. Чоколадниот крем се премачкува цел врз кексот, а над него се разлева белиот крем.
18. Вака спремен, колачот се остава во фрижидер да се стегне неколку часа, а потоа се сече на коцки и се послужува. Добар апетит!