Дали има нешто повкусно од домашно лепче? Па особено кога ќе припремам лепче за гости, тие се воодушевуваат. А толку е едноставно да се направи, во последно време не ни користам рецепт, го правам по осет. Во оваа форма го правев првпат и испадна супер.

Припрема
Растворете го квасецот во млака вода 100 мл и додадете прстофат шеќер.
Брашното ставете го во подлабок сад, додадете го растворениот квасец, маслото и солта и додавајте ја водата постепено и замесете меко и малку лепливо тесто. Оставете го да нарасти 40тина минути покриено со крпа.
Потоа префрлете го тестото на набрашнета површина и поделете го на 8 дела. Секој дел обликувајте го во топче, ако ви се лепи тестото, наросете го со брашно.
Топчињата наредете ги во форма на цвет во набрашнета тава и оставете да нарастат 40тина минути.
Печете на 180 степени додека не поруменат одозгора. После печење, премачкајте ги со малку масло или путер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови