Не дека нема вакви рецепти на странава, има, но ете, решив да ја поставам и мојата верзија, па кој ќе реши да го прави да има да избира со каков сооднос на состојките ќе го прави овој леб.

Квасецот активирајте го во дел од млаката вода заедно со шеќерот и 1 лажичка брашно. Потоа додадете ја останатата топла вода, солта и постепено додавајте од брашното. Мешајте со лажица.

Спременото тесто покријте го и оставете го 15-20 минути на топло да накрени.

Префрлете го на работната површина предходно обложена со пек-хартија благо набрашнета и обликувајте го во векна, па префрлете ја хартијата во плехот во кој ќе печите.

Направете неколку засеци со ножот одозгора и ставете да се печи на 220С половина час. Кај мене рерната се покажа посилна, па јас намалив на 200.

Овој пат користев сув квасец наместо свеж. Иако соодносот не е ист, сепак лебот испадна успешен.
Не ми достигна брашно, па за мал дел додадов `ржано, затоа ја има оваа боја на пресекот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови