Лазањи на мој начин
Ова е мој, модифициран рецепт на лазањи кој ми е мене омилен. Се надевам дека и на многу други од вас.
На почеток ги ставам сосема кратко лазањите во вода која врие и потоа ги вадам и разредувам една до друга за да не се залепат.
Ги пропржувам кромидот и лукчето во тавче и се додава мелено месо. Го додавам доматниот сос или конзерва пелати, печурките и зачини по желба. Се остава да се крчка на тивко, за да се спојат состојките убаво. Сосот треба да е средно густ.
Бешамел сос - Се става путерот во тенџере, се растопува и се додава брашното. Потоа се додава млекото, и на тивко се меши постојано за да се свари брашното и згусне бешамелот убаво.
Тепсијата се мачка со зејтин, и се реди со еден ред лазањи. Потоа се додава слој од меленото месо со домати, па од бешамелот. Потоа пак ред лазањи, ред сос од домати, па бешамел сос. Се завршува со бешамел сос. Се става да се пече на 200 степени, околу пола саат - 45 минути.
Пред да се извади од рерна, се става кашкавалот и се остава да се растече и допечи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови