Рецептата ја добив од мојата братучетка.
Без многу состојки, а вкусен десерт.
Се мери со иста чаша. Јас измерив и со мл. да видам точно колку е.
Значи 200 мл топло млеко ќе го измешате со две чаши брашно.
Брашното не го измерив во грамажа, но ми испаднаа 10 полни лажици.
(Најдобро одете со мерките од чашата. 1 чаша топло млеко, две чаши брашно)
Во брашното помешајте го сувиот квасец и мешајте со лажица.
Ќе добиете тесто меко и лепливо.
Покријте го со едно кесенце или најлонска фолија и оставете да отстои еден час.
Во меѓувреме намрсете едно кесиче со масло во внатрешноста.
Откако тестото нараснало ,префрлете го во кесичката.
Во сад на оган ставете масло да се загрее.
Кога е доволно загреано, пресечете ја кесата на врвот и пуштајте по малку од тестото.
Како пуштате така сечете со ножичка.
Нека паѓаат многу мали парчиња тесто, нека тоа биде околу 2 см.
Превртувајте ги со лажица решетка, иако и тие сами ќе се превртуваат пржејќи.
Штом поруменуваат вадете ги на кујнска хартија.
Пред да ги послужите наросете ги со шеќер во прав или мед, агаве сируп, чоколаден прелив...
На здравје со овие преубави мали крофнички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови