Кугел од спанаќ бр.1
Да, да... и оваков кугел има, ова е кугелот од спанак бр.1, а кугел број 2 веке го објавив, јас не знам да оценам кој е повкусен, секој засебно шепоти многу убава приказна, па слушнете ја сега и оваа.
1. На 8 лажици зејтин ставете да го пржите младиот кромид и лук, а при крај на пржењето додадете го исечениот спанаќ, допржете, тргнете настрана.
2. Изрендајте го компирот, тиквичките, додајте брашното и зачинете. Додадете ги во испржениот кромид и спанаќ, зачинете и измешајте. Преместете во садот во кој ке го подпечете.
3. Изматете ги јајцата со вилушка, додајте го копарот и прелејте врз спанаќот, ставете во рерна да се подпече.
- Ви останува да сочеката да се излади. Служете со кисела павлака или млеко... уживајте.
Кратко и јасно ... а толку вкусно!
Лиценца: Сите права се задржани