
Кубети од стар леб
Обожаваме кубети, а ова е идеален начин да се искористи преостанатиот леб од претходниот ден. Идеални се како додатоци во крем супи, за подготовка на превкусната Цезар салата, или едноставно пригответе ги и уживајте во нивното грицкање со вашето семејство.
Подготовката е брза, лесна и на следниот начин -
Лебот го сецкаме на мали коцкички директно во тавата каде ќе се печат кубетите. Ставаме маслиново масло (може и обичен зејтин) додаваме зачини по вкус, промешуваме убаво да се соединат состојките и ги ставаме на печење на 200 степени - 10 минути, па намалуваме на 150 степени и допекуваме уште околу 10 минутки.
За крај уживајте во оваа крцкава, зачинета ужинка од леб со вашите најмили!
Лиценца: Сите права се задржани