Да напоменам дека се мери со иста чаша. Мојата беше од 200 мл.

Леќата се плакне. Се чисти од непотребните зрнца.
Во сад на оган ги додаваме чашите супа и ја ставаме леќата да зоврие.
Додаваме и вода.
Варената леќа ја пасираме дирекно во садот.
Го топиме путерот и го додаваме пасираниот кромид.
Пржиме 7-8 мин на тивко, па го додаваме брашното.
Кога ќе добиеме кафенкаста боја го тргаме брашното од оган и го додаваме во леќата.
Наросуваме бибер и сол
На тивко си крчка супата.
Млекото го разматуваме со жолчките и полека со маталка го сипаме во кацеролата.
Матиме додека ставаме во супата.
Оставаме да поврие уште 5 минути.

Јас ја сакам топла, а вие пробајте па кажете. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови