Бисквит тесто
Од состојките за бисквит тестото се замесува тврдо тесто и се остава во фрижидер да одстои 1ч.
Кората се расукува во калап 26цм и се пече 20-25мин на 180 степени. Доколку користите калап, од кој се одстранува обрачот, тогаш се расукува правоаголна кора за обрачот, па округлеста за долната површина и се спојуваат со притискање на кошевите.
За да тестото се испече рамномерно, се прават дупчиња со чепкалка или вилушка или за да не се крене на одредени места, се става стар грав на хартија за печење низ цела површина, за да го притиска тестото.

Подготовка на кремот
200мл млеко, заедно со шеќерот се варат до вриење. На страна се разматува 50мл млеко со пудинг и жолчки. Сетоа тоа заедно се меша и се вари, додека да се згусне.
Одкако ќе се излади, се додава 50гр путер и се мати со миксер за матење, за да се изедначи смесата.

Овошен фил
Вишните се ставаат на тивок оган и се мешаат пополека. Во нив се додава шеќерот. Се варат 2-3 мин и се оставаат да пуштат сок. Одкако ќе се излади смесата, се раствара 5гр желатин и се додава во вишните.

Редење
Во изладеното бисквит тесто, се додева кремот и се распоредува рамномерно. Врз него се додва филот со вишни.
Крем питатата со вишни се остава да одстои мин 1ч за да состојките впијат во тестото и се зацврснат филовите.

*Можете да замесите 50гр повеќе тесто и тоа да го употребите како крцкава кора врз вишните.
Бисквит тестото потребно е да одстои мин 1 час во фрижидер за замрзнување. Потоа во тава за печење, обложена со мрсна хартија, се ренда смрзнатото тесто на крупното ренде и се става да се пече на 180 степени 10-тина мин, односно дека да зарумени. Крцкавите парченца бисквит, се кршат низ раце и се ставаат врз вишните.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови