Во редот на моите омилени колачи, еве уште еден успешен експеримент од мојата кујна. Овие розен колачи пленат со својот изглед и вкус. Задолжително е бадемите и оревот да бидат тостирани, за специфичен шмек.

1. Прво во тенџере ставаме шеќер, да се карамелизира, но внимаваме да не изгори. Го тргаме на кратко од оган и додаваме половина количина на млеко, внимателно, бидејќи ќе прска. На многу тивок оган оставаме да се растопи убаво.
2. Во останатата количина на млеко ги раствораме пудинзите од карамел. Внимателно, кога шеќерот е растопен ги додаваме и нив и вариме на тивко до згуснување.
3. Во топлиот фил ги додаваме чоколадото и путерот и енергично промешуваме, за смесата да биде сјајна и изедначена. Тука ги додаваме тостираните, излупени и мелени јатки и плазмата.
Филот убаво го соединуваме.
4. Со млакиот фил ги премачкуваме розен корите, ги редиме една врз друга. Кога е готова цела розен торта, ја поклопуваме со тежок предмет и оставаме да отстои 2 часа. Потоа нанесуваме чоколадна глазура. Сечеме штангли, сервираме и уживаме во богатиот вкус на оваа розенка.

И да ви признаам, многу имам мерак да скратам 1-2 кори, како би имала повеќе фил и покрај тоа што филот е доволен за сите 10 кори :) 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани