Во овие летни денови кога температурите не стивнуваат, потребни ни се рецепти кои ќе не освежат и во чиј вкус ќе уживаме. Еве еден мој предлог за таков рецепт, во чие конзумирање верувам дека ќе уживате со целото ваше семејство.
Потребни ви се неколку состојки и малку време за приготвување на овој сладок десерт.

Подготовка

1. Во сад на пареа ги миксираме до згуснување јајцата, шеќерот и ванилата. Откако ќе се згусне оваа смеса, ја префрламе во друг сад, нека подизлади малку. Во друг сад ја миксираме слатката павлака.
Во трет сад ги миксираме двете ќесички шлаг крем со млекото. Сите овие три смеси ги соединуваме во еден подлабок сад.
2. Чоколадото го топиме на пареа, па на мрсна хартија за печење цртаме правоаголен облик (малку помал од калапот во кој ќе ја правиме оваа сладоледна торта) и стопеното чоколадо го распоредуваме рамномерно, не од таа страна каде имаме исцртано, туку од обратната. Оставаме да се здрави чоколадото.
3. Во калапот (обложен со стреч фолија) ставаме слој од филот, па чоколадна лента, пак повторуваме на истиот начин до крај. Завршуваме со фил. Калапот го оставаме во замрзнувач.
4. Откако ќе се стегне сладоледната торта, може да се извади од калапот врз соодветна чинија, декорираме по желба (јас изрендав чоколадо) па сечеме парчиња и уживаме во нејзиниот кремаст вкус.

Забелешка - Шлаг кремот се мати со количина на млеко наведена на упатството за употреба. Кај мене за едно паковање од 40 гр се употребува 125 мл млеко. Вие ставете количина на млеко која е наведена на паковањето кое ќе го користите.
Разликата во количина на чоколадо влијае од големината на калапот, кај мене калапот е помал и затоа употребив 100 гр чоколадо, и плус ми остана малку од сладоледната смеса, која ја ставив во посебен сад.
Овој дел со чоколадните ленти направете го прв, па после почнете со филовите.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани