Кремаста освежувачка манџа (со ким, павлака и лимон)
Идеална за жешките денови, со својата брза припрема и освежувачки вкус е одлична за овој период.
Подготовка:
1. За подготовката на оваа летна манџа, најпрво се потпекува кимот на оган, но без додавање на масло. На тој начин се ослободуваат етеричните масла од кимот и со самото тоа и даваат прекрасен вкус на оваа чорба.
2. Потоа го додаваме маслото и путерот, штом се загреат доволно го додаваме ситно сецканиот кромид и го пропржуваме се додека не омекне кромидот. Потоа го додаваме брашното, пропржуваме. Сега ја додаваме водата (ладна) и мешаме со рачна маталка за да се изработи добро брашното и да нема грутчиња. Вариме 2-3 минутки, па ја додаваме коцката за супа, шеќерот, сол и зачинуваме по вкус.
3. На умерена температура вариме уште 5 минути, па потоа ја додаваме претходно соединетата смеса од јајцето, павлаката и сокот од лимон. Кога ќе ја додадеме оваа смеса, мешаме со рачна маталка. Вариме уште најмногу 5 минути и послужуваме.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани